Памела Андерсон се разделила од сопругот Џон Питерс неполни две недели откако се венчаа.
Триесет и пет години откако првпат беа во врска, Андерсон и продуцентот Питерс се венчаа во Малибу на 20 јануари и таа сега потврди дека веќе не се заедно.
„Решивме да се разделиме за повторно да процениме што сакаме од животот и еден од друг. Животот е патување, а љубовта е процес. Со таа универзална вистина во мислите, заемно решивме да ставиме крај на нашиот брачен договор“, изјави 52-годишната Андерсон.
И на Андерсон и на Питерс ова им беше петти брак. Тој претходно кажа дека 35 години ја чекал Памела.
„Насекаде има убави девојки. Можев да изберам која било, но 35 години ја сакам само Памела“, изјави Питерс за „Холивуд рипортер“ минатиот месец.
Сепак, само неколку дена откако на Инстаграм објави заедничка фотографија со Питерс, Андерсон го оставила и заминала во Канада.