Памела Андерсон се разведува по шести пат, а нејзиниот последен брак траеше неполни 13 месеци. Педесет и четиригодишната ѕвезда на „Плејбој“ и серијата „Чувари на плажата“ поднела барање за развод од петтиот сопруг Ден Хејхерст во родната Канада, каде што се пресели минатата година.
Андерсон и нејзиниот телохранител се венчаа за Божиќ во 2020, откако се вљубиле за време на карантинските денови. Таа тогаш кажа дека конечно е со човек кој ја сака. Сепак, извор близок на двојката откри дека романсата што се родила во пандемијата бргу се распаднала.
Пред Хејхерст, Андерсон беше мажена за рокерите Томи Ли и Кид Рок, Род Саломон (двапати) и Џон Питерс, со кого издржа во брак само 12 дена.