ПЕЈАЧКАТА ЛАНА ДЕЛ РЕЈ СЕ ОМАЖИ КАЈ МОЧУРИШТЕ ВО ЛУИЗИЈАНА

САД, (Дејли мејл)

Само еден месец откако се дозна дека се во врска, пејачката Лана Дел Реј се омажи за 17 години повозрасниот Џереми Дуфрен, кој води бродски тури низ мочуришта полни со алигатори и други диви животни. Венчавката се одржа во Дес Алемандс во Луизијана, веднаш до мочуриштето каде што Дуфрен ги организира своите популарни тури.

Дел Реј со сопругот Џереми Дуфрен и со татко ѝ

Ова е прв брак за 39-годишната американска пејачка, а втор за Дуфрен, кој е и татко на две деца.

Американските медиуми велат дека Дуфрен е голем љубител на алигатори и дека ја запознал Дел Реј во 2019 кога таа била на една од неговите обиколки на мочуриштата.

(Фото: Профимедија)