ПЕП ГВАРДИОЛА СЕ РАЗДЕЛИ ОД СОПРУГАТА ПО 30 ГОДИНИ

Шпанија, (Телеграф)

Пеп Гвардиола и неговата сопруга се разделиле по 30 заеднички години, објавија шпанските медиуми, кои велат дека разделбата била „целосно срдечна“. Тренерот на Манчестер сити и Кристина Сера се оддалечиле откако најмалку пет години живееле во различни држави.

Тие се запознале во 1994, а се венчаа дури 20 години подоцна во Барселона. Имаат три деца на возраст од 24, 22 и 17 години. Шпанските медиуми објавија дека бразилската новинарка и писателка останала да живее во Барселона, додека Гвардиола работеше во Англија.

Весникот „Спорт“ објави дека тие минатиот месец донеле одлука да стават крај на својот брак, за што во прв момент биле известени само најблиските.

„Разделбата поминала целосно срдечно, стабилно и пријателски“, рекол еден извор за „Спорт“.

Сера заминала од Манчестер во 2019 за да му помогне на своето семејство во водењето на модната компанија „Сера Кларет“. Гвардиола во ноември потпиша нов двегодишен договор со Манчестер сити, со што треба да остане во клубот до 2027.

(Фото: ПА)