Американската актерка Нишел Николс, која се прослави како поручничката Ниота Ухура во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, почина на 89 години. Николс ги урна бариерите со оваа улога, станувајќи една од првите црни актерки во САД која играше лик со авторитет. Подоцна беше ангажирана од НАСА како амбасадорка за да охрабрува жени и Афроамериканци да станат астронаути.
„Ѕвездени патеки“ урна стереотипи во 1960-ите, давајќи им важни улоги на актери од други раси. Така ликот на Николс беше компетентен и рамноправен офицер за комуникации.
Во една епизода од 1968 година, таа и Вилијам Шатнер се бакнаа, што беше еден од првите меѓурасни бакнежи на американската телевизија, во времето кога бракот помеѓу белци и црнци сè уште не бил озаконет во 17 сојузни држави.
Увидувајќи го значењето на нејзината улога, Мартин Лутер Кинг ја премислил Николс околу напуштањето на серијата, а таа потоа ја повтори улогата во шест филма од серијалот.