Шпанскиот комичар Хуан Хоја Борха, чие заразно смееење го направи интернет сензација, почина на 65 години по долго боледување.
Попознат како Ел Риситас, Борха се прослави откако во 2014 повторно беше откриено старо видео од неговото гостување во едно шпанско телевизиско шоу. Во интервјуто, Борха раскажува и за своето време кога работел како помошник во кујна, откривајќи дека еднаш фрлил 20 чинии во океан, што е проследено со неконтролирано смеење.
Смеењето на Борха набргу стана едно од најпознатите мемиња на интернет откако луѓето почнаа да монтираат најразлични приказни на видеото, налик на пародиите со Адолф Хитлер од германскиот филм „Пад“. Овие верзии на видеото досега се прегледани милиони пати, а насмеаниот лик на Борха стана и популарен емотикон на стриминг платформата Твич.