ПОЛИЦИЈАТА ПРЕКИНА ПРОТЕСТ НА БЕРЛИНСКИТЕ НОЌНИ КЛУБОВИ ОТКАКО СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТЕХНО ЗАБАВА

Берлин, (Дојче веле)

Организаторите на рејв протест во Берлин се извинија откако се појавиле повеќе луѓе отколку што очекувале. На крајот мораше да реагира и полиција, која го прекина протестот откако се претворил во техно забава.

Стотици рејвери го искористија убавото време и го наполнија каналот Ландвер во Берлин со гумени чамци и кајаци, сакајќи да укажат на лошата ситуација во која се наоѓаат ноќните клубови, кои беа принудени да затворат поради кризата со коронавирусот.

Со овој протест сакавме да нагласиме на колку многу уметници и креативци им е загрозена егзистенцијата поради пандемијата. Свесно го направивме протестот на вода за да се минимизира ризикот од зараза“, соопшти групата „Востание на сонувачи“.

Оттаму велат дека очекувале на протестот да учествуваат 100, а не 400 чамци.

Иако Германија укина голем дел од рестриктивните мерки, социјалното дистанцирање и натаму мора да се почитува, што сега не беше случај.