Одложени се двата стендап настапа на познатиот босански актер и музичар Бранко Ѓуриќ-Ѓура во Скопје и во Битола, како и концертот на „Џипси кингс“ во Скопје, објави „Авалон“. Ова доаѓа откако Владата прогласи седумдневна жалост по пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе.
Ѓуриќ требаше да гостува со своето шоу „Ѓурологија“ во Скопје вечерва (17 март), а во Битола на 19 март. Концертот на светски познатиот бенд „Џипси кингс“ со оригиналниот пејач Николас Рејес (фото) беше закажан за 22 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје
„Сите настани во следните седум дена во наша организација во моментов се одложуваат. Ве молиме за трпение во неделата која следува како знак на сочувство и солидарност. Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени идниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост“, велат од „Авалон“.