Принцот Вилијам синоќа (21 јуни) го прослави својот 42. роденден со своите деца принцот Џорџ и принцезата Шарлот на концерт на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт на стадионот Вембли во Лондон.
Членовите на британското кралско семејстви се фотографираа со пејачката, а палатата Кенсинготн на Икс ја објави фотографијата: „Ти благодариме Тејлор Свифт за убавата вечер“.

Свифт потоа објави уште едно фотографија, на која е и нејзиното момче Тревис Келс, заедно со принцот Вилијам, 10-годишниот принц Џорџ и деветгодишната принцеза Шарлот.
„Среќен роденден М8. Ова е прекрасен почеток на лондонските концерти“, напиша пејачката.
Принцот Вилијам и Свифт во 2013 заедно излегоа на сцената на добротворен настан во палатата Кенсингтон за да изведат песна со Џон Бон Џови.
Фото: Палата Кенсингтон