ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРОЛЕГОМЕНА ЗА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА“ ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ НА 6 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 6 февруари од 12 часот, во Културно-информативниот центар (Сала 1) во Скопје ќе се одржи промоција на четиритомниот проект „Пролегомена за македонската фотографија“ од Златко Теодосиевски, историчар на уметност, критичар и публицист.

Ова е прв ваков проект кај нас посветен на историскиот развој на македонската фотографија во периодот од 1855 до 2020. Низ критичка евалуација на процесите и творештвото на бројни македонски фотографи, како и соодветни компаративни согледувања, авторот ги следи креативните раскрилувања на македонската фотографија кај нас и нејзиното етаблирање во редот на визуелните уметности во Македонија.