ПРВ БРАК ЗА ТАРАНТИНО НА 55 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (АП)
Quentin Tarantino wedding Credit: Curtis Dahl

Режисерот Квентин Тарантино се ожени со израелската пејачка и манекенка Даниела Пик. Магазинот „Пипл“ објави дека двојката се венчала на интимна церемонија во Лос Анџелес.

Тарантино (55) и Пик (35) се запознале во 2009 година, а се верија минатата година. Свадбата доаѓа по само неколку денови откако Тарантино го заврши снимањето на новиот филм „Беше еднаш во Холивуд“, со Леонардо ДиКаприо и Бред Пит, кој треба да излезе во 2019 година.

Ова е прв брак за оскаровецот, режисерот на филмови како: „Касапски кучиња“, „Евтини приказни“, „Убиј го Бил“ и „Џанго“.