РАЃАЊЕТО НА БЕБЕТО ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НА ТВИТЕР, ВОЈВОТКАТА КЕТРИН В БОЛНИЦА

Лондон, (Би-Би-Си)

Војвотката Кетрин и војводата од Кембриџ принцот Вилијам рано утрово тргнаа во болницата „Сент Мери“ во центарот на Лондон. Се очекува светските медиуми да се собираат пред приватното крило на болницата.

Кетрин е на породилно отсуство од 22 март.

Бебето ќе биде петто во низа за наследување на престолот и шести правнук на кралицата Елизабета Втора.

Раѓањето ќе биде објавено со е-пошта до медиумите и со твит на профилот на палатата Кенсингтон на Твитер.

Исто така, раѓањето ќе се одбележи и со традиционалниот обичај на поставување на соопштение во златна украсна рамка зад железните огради на Бакингамската палата.

Бременоста на војвотката беше објавена во октомври.

Како и со нејзините претходни две бремености, Кетрин (36) страдаше од тешки утрински мачнини. Таа се надева на природно породување, како и со првите две деца Џорџ и Шарлот. Кралската брачна двојка не сакала предвреме да го дознае полот на бебето.

Меѓу омилените имиња во обложувалниците се Мери, Александра, Елизабет и Викторија, ако е девојче, а ако е момче, Артур, Алберт, Фредерик, Џејмс и Филип.