РИЈАНА ГО ДОБИ ВТОРИОТ СИН

Лос Анџелес, (Скај)

Ријана го доби својот втор син со раперот АСАП Роки, објави сајтот ТМЗ, додавајќи дека поп-ѕвездата се породила на почетокот на месецов.

Триесет и петгодишната Ријана ја објави втората бременост во февруари годинава, за време на настапот на Супербоулот. Ријана и раперот АСАП Роки веќе го имаат едногодишниопт син РЗА, чие име се изговора Риза.

Според ТМЗ, сѐ уште не е познато името на бебето, но исто така почнува на буквата Р.