ВО СКОПЈЕ УЖИВАВ ДОДЕКА СЕ ГЛЕДАВ ВО ФИЛМОТ „ТЕЛО“, ВЕЛИ СЛОВЕНЕЧКАТА ПИЈАНИСТКА УРШКА РИСТИЌ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Режисерката Петра Селишкар синоќа на фестивалот МакеДокс во Скопје го претстави својот нов документарен филм „Тело“, а на премиерата присуствуваше и главната протагонистка во филмот, поранешната словенечка манекенка, пијанистката Уршка Ристиќ,

Филмот, работен во текот на 20 години, е за Ристиќ е која се бори со ретки автоимуни болести.

Светската премиера на „Тело“ беше на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево.

„Првпат кога го гледав филмот имав чувство како да сум во шок-состојба, вториот пат на премиерата во Сараево го слушав само мојот глас, додека на проекцијата на филмот на ‘Македокс’ едноставно уживав“, рече таа синоќа во Куршумли ан.

Филмот „Тело“ е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Северна Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Северна Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Пегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“.

Фото: Петра Селишкар и Уршка Ристиќ. (Фото: МакеДокс)