РИКИ МАРТИН И СОПРУГОТ ЈА ДОБИЈА ЌЕРКАТА ЛУСИЈА

Лос Анџелес, (АП)

Пејачот Рики Мартин на Инстаграм објави фотографија како држи мали рачиња, со која соопшти дека добил ќерка, Лусија Мартин Јосеф.

Порториканската поп ѕвезда не соопшти повеќе детали, освен дека бебето е здраво. Во објавата, 47-годишниот Мартин кажа дека неговото семејство, сопругот Жван Јосеф и десетгодишните близнаци, се „вљубени во Лусија“.

„Несомнено, ова е најубавиот Божиќ за нас“, напиша Мартин.