РИКИ МАРТИН ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ВЕНЧАЛ СО СВОЈОТ ПАРТНЕР

Њујорк, (Еј-Би-Си)

По две години врска, пејачот и актер Рики Мартин објави дека се венчал со својот партнер Џуан Јосеф.

„Сега сум сопруг. Ќе направиме голема забава во наредните неколку месеци, ќе дознаете за тоа. Разменивме брачни завети, се заколнавме на сѐ и потпишавме сѐ што требаше да се потпише“, кажа Мартин.

Рики и Џуан се родители на осумгодишни близнаци

По повод венчавката, тие планираат тридневна прослава.

„Тоа ќе биде типична тридневна забава: вечера, проба, забава и потоа рехабилитација“, кажа 46-годишниот Мартин.

Мартин и шведскиот уметник Јосеф се заедно од 2016 година и свршувачката ја објавија во шоуто на Елен Деџенерис. Тие се родители на осумгодишните близнаци Матео и Валентино.

Мартин е меѓу ѕвездите кои ќе играат во новата серија „Американска крими приказна: убиството на Џани Версаче“, во којашто ќе го глуми момчето на славниот дизајнер, Антонио д‘Амико.