РОЏЕР ВОТЕРС РАБОТИ НА НОВ АЛБУМ И НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА „ПИНК ФЛОЈД“

Лондон, (Ројтерс)

Роџер Вотерс уште еднаш ја отфрли идејата за обединување на „Пинк Флојд“, велејќи дека е зафатен со други нешта, како работа на нов албум и пишување мемоари.

Гитаристот, пејач и композитор вели дека уживал додека бил дел од рок групата што ја основал во 1965 година, но не планира повторно да настапува со останатите двајца живи членови, Дејвид Гилмор и Ник Мејсон. Вотерс, кој беше креативната сила зад неговите најзначајни албуми, го напушти бендот во 1995 поради лични и креативни разлики. Тој и Гилмор се скарани со години и често се препукуваа преку социјалните мрежи.

„Идејата за обединување е како носталгична потреба на некои луѓе, но го немам тоа во себе. Зошто би го направиле тоа?“, кажа Вотерс.

„Пинк Флојд“ за последен пат настапи во полн состав на хуманитарен концерт во Лондон во 2006. Тапанарот Ричард Рајт почина две години подоцна.

„Дејвид и јас сме многу, многу различни луѓе и тоа е во ред“, кажа Вотерс.

На 80 години, тој спрема нов албум, насловен „The Bar“, а пишува и мемоари.

„Работам на тоа неколку години и сега сум во фаза на досредување, така што доста сум зафатен“, откри тој.

(Фото: Фејсбук)