„РОЛИНГ СТОУНС“ ОБЈАВИ ВИДЕО ВО ЧЕСТ НА ЧАРЛИ ВОТС И НЕ ЈА ОТКАЖА ТУРНЕЈАТА ВО САД

Лондон, (Гардијан)

Чарли Вотс мислел дека ќе издржи најмногу една година, но остана тапанар на „Ролинг стоунс“ речиси шест децении.

Останатите членови на групата Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд објавија двеминутно видео со кое заеднички му оддадоа почит на Вотс, кој почина во вторникот на 80 години. Видеото содржи клучни моменти од кариерата на Вотс, како и интервју во кое тој откри дека верувал дека ќе остане во бендот најмногу една година откако му се придружи во 1963.

Видеото завршува со фотографија од тапаните на Вотс, на кои е ставен знакот „затворено“.

И покрај смртта на Вотс, претставниците на групата кажаа дека таа ќе ја одработи планираната американска турнеја, што треба да почне на 26 септември. Уште претходно беше објавено дека Вотс на турнејата ќе го замени Стив Џордан, кој долги години свири со Кит Ричардс.