РОНАЛДО СТАНА ПРВИОТ ФУДБАЛЕР СО ПОСТИГНАТИ 700 ГОЛОВИ НА КЛУПСКО НИВО

Манчестер, (Би-Би-Си)

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 700 голови на клупско ниво откако синоќа ја потврди победата на Манчестер јунајтед над Евертон од 2:1.

Триесет и седумгодишниот Роналдо сега има 450 голови за Реал Мадрид, 144 за Јунајтед, 101 за Јувентус и пет за Спортинг.

Минатата година, Роналдо стана и најефикасниот стрелец во историјата на машкиот репрезентативен фудбал со 111 голови за Португалија. Тој е најдобриот стрелец и во Лигата на шампионите со 140 голови, 13 повеќе од Лео Меси, кој досега има дадено 691 гол за своите клубови.

(Фото: АП)