Некогаш популарната пејачка и секс симбол од 1980-тите Саманта Фокс поминала ноќ во затвор по „пијано дивеење“ во авион на „Бритиш ервејс“ кој одел од Лондон за Минхен. Педесет и седумгодишната Фокс се качила во авионот каде што наводно се скарала со патник.
Извори изјавиле за „Сан“ дека Фокс принудила авионот да сврти на пистата и да се откаже полетувањето во Лондон. Полицијата потврди дека жена на околу 50 години била уапсена под сомнение дека била пијана во авионот, по што била пуштена со кауција.
Фокс кажа дека ѝ е „многу жал за какво било нарушување на редот“ и дека ќе ѝ помогне на полицијата во истрагата.