САШКА КОЛЕСКА ОД СКОПЈЕ СЕ ИСКАЧИ НА ТРЕТОТО МЕСТО НА РАНГ-ЛИСТАТА НА СВЕТСКАТА СПОРТСКА ТАНЦОВА ФЕДЕРАЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сашка Колеска од Скопје се пласираше во финалето на меѓународен натпревар во спортски танц кој се одржа во Солун. Овој натпревар е вклучен во официјалната листа на Светската спортска танцова федерација (ССТФ), а Колеска настапи во категоријата возрасни, соло латино.

Таа сега се искачи на третото место на официјалната ранг-листа на ССТФ.

Покрај Колеска, со забележителни настапи и резултати на натпреварот се претставија и другите натпреварувачки од ТСК „Ритам плус“: Ана Колевска, Дарија Ѓорѓиевска, Илина Џартовска, Деспина Терзиќ, Ела Ореа Шотаровска, Каја Мирчевски, Бориана Илиевска и Мила Димовска.

Од „Ритам плус“ велат дека настанот во Солун собрал врвни танчари од различни земји и понудил извонредна спортска атмосфера и високо ниво на креативност и танцова уметност.