Саудиска Арабија побара од легендарниот композитор и оскаровец Ханс Цимер да работи на нова верзија на нејзината национална химна, изјави висок функционер.
Германскиот композитор, најпознат по музиката за „Гладијатор“, „Пирати од Карибите“, „Кралот лав“, „Дина“ и „Темниот витез“, се согласил со „широките контури“ на проектот, рече претседателот на Генералната управа за забава, Турки Алалших.
„Разговаравме за многу идни проекти, кои се надевам наскоро ќе ја видат светлината на денот, вклучително и преуредување на саудиската национална химна со различни инструменти“, објави Алалших на Икс.
Саудиската химна „Да живее кралот“ е напишана во 1947 од египетскиот композитор Абдул Рахман Ал-Хатиб на барање на кралот Абдулазиз. Сегашната верзија е во стилот на арапски фанфари вообичаен во тој период.
(Фото: Икс)