СЕ РАЗВЕДЕ АКТЕРОТ ЧЕНИНГ ТЕЈТУМ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Актерот Ченинг Тејтум и неговата сопруга и колешка Џена Дјуан објавија дека се разделиле по девет години брак.

Двојката соопшти дека нема никакви тајни и провокативни причини за разводот, туку решиле да се разделат мирно и во љубов.

Тејтум и Дјуан се запознаа на снимањето на еден филм во 2006 година и три години подоцна се венчаа. Тие имаат и четиригодишна ќерка.

„Ние сме сѐ уште семејство и секогаш ќе бидеме сакани и посветени родители. Решивме јавно да излеземе со разводот, за да избегнеме алтернативни факти. Ништо провокативно не се случи помеѓу нас. Ние сме двајца најдобри пријатели, кои решиле да си дадат малку простор“, соопштија тие.