СЕЛЕНА ГОМЕЗ СТАНА МИЛИЈАРДЕРКА НА 32 ГОДИНИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Селена Гомез ја почна кариерата како детска ѕвезда на „Дизни“, а сега на 32 години и официјално стана милијардерка, со проценето богатство од 1,3 милијарди долари, објави „Блумберг“.

Тоа се должи најмногу на нејзината козметичка компанија „Рер бјути“, што ја почна пред пет години и во која задржа удел во вредност од повеќе од милијарда долари. Успехот на брендот ја направи една од најмладите самосоздадени милијардерки на светот, наоѓајќи се во друштвото на Ријана и Тејлор Свифт.

Гомез има и други приходи. Таа заработува десетици милиони долари од рекламните договори со „Луј Витон“, „Коуч“ и „Пума“ и беше платена најмалку шест милиони долари по сезона за хит-серијата „Само убиствата во зградата“.

Родена во Тексас, Гомез речиси три децении е дел од јавниот живот како актерка, пејачка и сега претприемачка, а лани стана жена со најмногу следбеници на Инстаграм (над 424 милиони).

(Фото: АП)