Млад фан на шкотската репрезентација пристигна во Минхен пред самиот почеток на Европското првенство во Германија, откако пешачеше повеќе од 1.630 километри од Шкотска.
Облечен во килт, 20-годишниот Крег Фергусон тргна на своето патување на 4 мај од Глазгов, со цел да собере средства за добротворната организација „Браќа по оружје“, која работи со мажи кои страдаат од ментални проблеми. На својата авантура, Фергусон помина низ шест држави, пред да стигне во Минхен, каде што вечерва се отвора првенството со мечот Германија-Шкотска.
Во Минхен го пречекаа почесна стража и мноштво медиуми, пред да прослави со шампањ. Тој собрал 51.000 фунти за добротворната организација.
Пред да тргне, Фергусон кажа дека планира да пешачи 15-ина километри на ден, а Луксембург го додал во маршрутата, иако не морал да поминува низ оваа држава.
(Фото: Дејли рекорд)