Шон Пен ја проширил својата борба против коронавирусот над своите очекувања.
Организацијата за помош при катастрофи на двократниот оскаровец спровела повеќе од 1,3 милиони бесплатни тестирања за коронавирус во изминатите пет месеци, откако почнала со 6.500 во првите недели од пандемијата во март. Организацијата „ЦОРЕ“ во почетокот имала само четири пункта во Лос Анџелес, а сега оперира на 32 локации, вклучувајќи ги Њујорк, Чикаго, Детроит, Њу Орлеанс и Вашингтон.
Првичниот план бил тестирањата да се прават три месеци во Лос Анџелес, но сега планираат дополнително проширување на своите активности како што доаѓаат студените месеци, кога се очекува ново засилување на епидемијата.
„Нашиот тим сега брои 900 волонтери и друг персонал. До 26 мај, во просек тестиравме 15.000 луѓе дневно во Лос Анџелес“, соопшти „ЦОРЕ“.
Пен вели дека неговата организација е фокусирана на обезбедување бесплатни тестови за групи и заедници со ниски примања.
„Многу брзо регрутиравме луѓе во почетокот, зашто многумина сакаа да помогнат. Тие почувствуваа дека тука има енергија која може да направи вистинска промена“, изјави Пен.