СИ ЗАМИНА ДОБРИОТ БРАТ КОЈ МНОГУ ГО САКАВМЕ, РЕКОА ЧЛЕНОВИТЕ НА „УАН ДАЈРЕКШН“ ПО СМРТТА НА ЛИЈАМ ПЕЈН

Лондон, (Би-Би-Си)

Поранешните колеги на Лијам Пејн од бендот „Уан дајрекшн“ кажаа дека се „целосно уништени“ поради неговата смрт. Во изјавата потпишана од Луис Томлинсон, Зејн Малик, Нијал Хоран и Хари Стајлс рекоа дека „со време ќе има уште да се каже“.

Поп-ѕвездата, која се прослави во шоуто „Икс фактор“ во 2010, почина на 31 година откако падна од третиот кат на хотел во Аргентина, соопшти полицијата.

Претходно, семејството на Пејн рече дека „им е скршено срцето бидејќи си замина добра и храбра душа“.

Во соопштението на бендот се додава:

„Ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја обработиме загубата на нашиот брат, кого многу го сакавме“.

Хари Стајлс сподели фотографија од Лијам на Инстаграм, велејќи дека „тој живеел со широко отворено срце“.

„Годините што ги поминавме заедно засекогаш ќе останат меѓу најценетите во мојот живот“, рече Стајлс.

Луис Томлинсон преку Инстаграм му се заблагодари на Пејн што „бил добриот брат за кој копнеел цел живот“.

Полицијата изврши увид во хотелската соба од чија тераса паднал Пејн, при што нашла алкохол и лекови. Рече дека телото на Пејн било откриено во внатрешниот двор на хотелот откако била повикана екипа за итни случаи.