СИМЕОНЕ ОДБЕЛЕЖА 10 ГОДИНИ НА КЛУПАТА НА АТЛЕТИКО, ПРЕТХОДНО СМЕНИ 37 ТРЕНЕРИ ЗА 16 ГОДИНИ

Мадрид, (АФП)

Диего Симеоне денеска одбележува десет години на клупата на Атлетико Мадрид, што е исклучително редок јубилеј во современиот врвен фудбал. Ова добива значење на подвиг ако се знае дека во ерата на претседателот Хесус Хил беа сменети 37-мина тренери за 16 години.

Аргентинецот беше претставен како нов тренер на Атлетико на 23 декември 2011, а дебито го имаше на 7 јануари. Оттогаш, Симеоне не само што го прероди Атлетико, туку и успеа да ја разбие доминацијата на Реал Мадрид и Барселона во Шпанија, предводејќи го до две лигашки титули, два трофеја во Лига Европа, еден Кралски куп и до две финалиња во Лигата на шампионите.

Ова се тренерите кои се издвојуваат со стажот во еден клуб во европскиот фудбал:

  • Ги Ру – Оксер (36 години, пет месеци и 29 дена)
  • Алекс Фергусон – Манчестер јунајтед (26 години, шест месеци и 13 дена)
  • Ото Рехагел – Вердер (14 години, два месеца и 28 дена)
  • Мигел Муњос – Реал Мадрид (13 години, осум месеци и 29 дена)
  • Џок Стејн – Селтик (13 години, два месеца и 22 дена)