СИНИША ЕВТИМОВ ЈА РЕЖИРА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ почнаа пробите за претставата „Госпоѓа министерка“, дело на Бранислав Нушиќ, а во режија на Синиша Евтимов. Тој во 2021 ја постави претставата „Четири соби“ во Велешкиот театар.

Носечката ролја на госпоѓа министерка ја игра Зорица Панчиќ, која годинава одбележува 30 години професионална актерска дејност. Во претставата ќе играат и помладите актери од ансамблот: Tалија Настова, Симона Димковска, Славица Манаскова, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Филип Христовски и Кире Ацевски.

Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографка е Илина Ангеловска. Премиерата се најавува за 27 март, Светскиот ден на театарот и со неа треба да започне програмата од фестивалот „5ре“.

П. ПЕЧКОВ

Фото: Велешки театар