Најстариот син на Кристијано Роналдо за првпат е повикан во португалската репрезентација, за тимот до 15 години. Четиринаесетгодишниот Кристијано Роналдо Жуниор е во Ал-Наср во Саудиска Арабија, за кој настапува татко му од декември 2022.
„Се гордеам со тебе, сине“, напиша славниот фудбалер на Инстаграм.
Роналдо Жуниор е повикан за младински турнир во Хрватска од 13 до 18 мај, каде што Португалија ќе игра со Јапонија, Грција и Англија. Тој досега помина низ академиите на Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед и Ал-Наср, клубовите на татко му. Иако ќе дебитира за Португалија, Роналдо Жуниор поради возраста сѐ уште може да заигра за две други репрезентации: САД, каде што е роден и Шпанија врз основа на претходното жителство.
Кристијано Роналдо (40) има уште четири деца: седумгодишните близнаци Ева и Матео, седумгодишната Алана Мартина и тригодишната Бела, кои ги доби со различни жени.
(Фото: Гети)