СКОПЈЕ УЖИВАШЕ ВО БАЈКА НА МРАЗ СО ПРИНЦЕЗИ И СУПЕРХЕРОИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Бајка на мраз виде публиката денеска (14 декември) во скопската Арена „Борис Трајковски“ за време на Новогодишното шоу на мраз.

Дедо Мраз беше дел од ликовите кои играа на мраз (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

На сцена со мраз на околу 300 квадратни метри пируети и акробации изведуваа младинци и деца, за кои, како што најави продукцијата „Прагма“, се првенци во уметничко лизгање.

Фото: СМАРТ.СДК.МК

Децата љубопитно и среќно ги гледаа грацизоните движења на своите омилени ликови од бајките на „Дизни“ и суперхероите на „Марвел“. Елса и Ана, Пепелашка, Снежана, Ариел, Бела, Анастастија, Круела, но и Харли Квин и Венсдеј,  како и Спајдермен, Хулк, Аладин.

Фото: СМАРТ.СДК.МК

Во друштво на Дедо Мраз и светлечки ефекти навистина донесоа новогодишна атмосфера во Скопје.