Слепиот бугарски ултрамаратонец Виктор Асенов 19 пати по ред се искачи на планината Витоша близу Софија како дел од предизвикот Еверестинг, кој траеше 46 часа.
Асенов, еден од неколкутемина слепи ултрамаратонци во Европа, се качуваше со своето куче-водич Теди, a тргнал кон Црн Врв, највисокиот врв на Витоша (2.292 метри), на 21 март во 9:32 часот. Не спиел 46 часа и застанувал само за храна и вода. Тој искачил вкупно 8.848 метри, што е висината на Монт Еверест. Предизвикот го завршил во 7:40 часот на 23 март.
„Условот е да не спиете, така што не можете да го направите искачувањето еднаш, а потоа да продолжите следниот ден. Мора да го правите тоа 19 пати по ред“, рече Асенов пред неговиот предизвик на издржливост.
Асенов вели дека неговото куче било обучено за одење низ град, но го научил како да му помогне да се движи по планинските патеки.
Еверестинг може да се изведе на кој било рид, при што тој непрекинато мора да се искачува додека не се оствари вкупна височина од 8.848 метри, колку што е висок Монт Еверест.
(Фото: БТА)