СРБИНОТ РАЈАКОВИЌ ГО ПРЕЗЕДЕ ТОРОНТО И СТАНА ВТОРИОТ ЕВРОПСКИ ТРЕНЕР КОЈ ВОДЕЛ НБА ТИМ

Торонто, (АП)

Србинот Дарко Рајаковиќ и официјално беше назначен за нов тренер на Торонто репторс, станувајќи само втор европски стручњак кој водел НБА тим. Првиот беше неговиот сонародник Игор Кокошков, кој беше прв тренер на Феникс санс во сезоната 2018/19.

Рајаковиќ (44) доаѓа на местото на Ник Нрс, кој беше отпуштен во април по поразот на Торонто во првото коло на плеј-офот.

„Рајаковиќ не ни беше првиот фаворит, но нè освои со тек на време. Тој е многу паметен и посветен на деталите и структурата. Има големо меѓународно искуство, па и во НБА, ги надмина нашите очекувања и навистина нè импресионираше“, изјави генералниот менаџер на клубот, Боби Вебстер.

Роден во Чачак, Рајаковиќ влегол во тренерските води уште како тинејџер, а од 2009 постојано работи во странство, прво во Шпанија, па во САД. Како асистент беше дел од стручниот штаб на Оклахома Сити, Феникс и Мемфис, пред да го добие најголемиот ангажман во кариерата.

(Фото: АП)