СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО КВАДРИЛ ЈА ПРОСЛАВИЈА МАТУРАТА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На Плоштадот Македонија во Скопје денеска се одржа традиционалната матурска парада, на која учествуваат матуранти од средните училишта во Скопје.

Голем број матуранти танцуваа квадрил. Матурантите за настапот вежбаа со членови на танцовото студио „Ритам плус“.

Матурската парада првпат се одржа во 2007.

Водителката Маријана Станојковска

Фото: К. Попов