1.000 МАТУРАНТИ ИГРАА КВАДРИЛ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На плоштадот Македонија денеска по 12. пат се одржа матурска парада, на која учествуваа матуранти од средните училишта во Скопје.

Илјада матуранти танцуваа квадрил, а парадата се одржа и во неколку други градови низ земјата. Матурантите за настапот на плоштадот вежбаа со членови на танцовото студио „Ритам плус“.

Матурската парада за првпат се одржа во 2001 година во Љубљана, а кај нас почна да се одржува од 2007 година.

Фото: К. ПОПОВ