СВАДБИ НА КУЧИЊА СЕ ХИТ ВО КИНА, ДВОЈКИ КОИ НЕ САКААТ ДА СЕ ВЕНЧААТ ПРАВАТ ЦЕРЕМОНИИ ЗА МИЛЕНИЦИТЕ

Кина, (Ројтерс)

Свадбите на домашни миленици се во пораст во Кина, каде што владините политики немаа многу успех во охрабрувањето на повеќе луѓе да се венчаат. Последните години, населението во Кина се намалува, а стапките на бракови и наталитет остануваат ниски.

Популарноста на чување домашен миленик го поттикнува овој тренд. Купувањето миленици во 2023 се зголемило за 3,2% во однос на претходната година, покажуваат бројките од индустријата.

„Луѓето прават свадби. Зошто кучињата да не можат да прават свадби?“, рече сопственичката на ретриверот Бри, Рај Линг, откако го придружуваше своето женско милениче на церемонијата на разменување завети, ветувајќи дека секогаш ќе си игра со нејзиниот „сопруг“ Бонд.

Во 2023, во кинеските градови имало повеќе од 116 милиони мачки и кучиња. Приближно секој осми Кинез чува мачка или куче, а најголем дел сопственици се под 40 години.

Јанг Тао рече дека на почетокот била изненадена што клиентите сакале свадбени торти за своите кучиња (Фото: принтскрин)

Линг и неговата девојка Џиџи Чен, кои рекоа дека не им се брза со нивната свадба, прецизно ја планирале церемонијата на нивните кучиња со месеци, при што ангажирале професионални фотографи, дизајнирале свадбени книшки и нарачале торта од 120 евра.

Јанг Тао, чија пекара од Шангај ја подготвила тортата, рече дека на почетокот била изненадена што муштериите сакале свадбени торти за своите кучиња.

„Мислам дека ќе има сѐ повеќе и повеќе венчавки на кучиња“, рече Тао, додавајќи дека веќе прави торти за неколку слични церемонии.