СВЕШТЕНИКОТ ОД ПОГРЕБОТ НА АРЕТА ФРЕНКЛИН СЕ ИЗВИНИ ШТО ГИ ДОПРЕЛ ГРАДИТЕ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ

Детроит, (Би-Би-Си)

Свештеникот кој го предводеше погребот на Арета Френклин ѝ се извини на поп пејачката Аријана Гранде, откако беше обвинет дека недолично ја фатил на сцената.

Снимките од погребот го покажуваат Чарлс Елис како ја држи Гранде високо над половината, при што неговите прсти речиси ѝ ја допираат градата.

„Никогаш намерно не би ги допрел градите на која било жена. Можеби ја преминав границата, можеби се однесував препријателски и преблизок кон неа. Во секој случај, се извинувам“, кажа Елис.

Тој изјави дека ги гушнал сите уметници, и машки и женски, за време на церемонијата, на која ѝ се оддаваше почит на неодамна починатата кралица на соул музиката. Гранде отпеа песна, покрај музички великани, како Стиви Вондер и Чака Кан.

Сепак, многумина забележаа дека тој премногу ѝ се доближил на 25-годишната Гранде, чиј израз на лицето јасно покажа дека ѝ е непријатно.

„Ги гушнав и се поздравив со сите уметници. Тоа е смислата на црквата, љубов“, додаде Елис.