Таткото на Меган Маркл можеби нема да се појави на нејзината свадба, што ќе се одржи оваа сабота во Лондон.

Томас Маркл им ја најавил ваквата можност на новинарите во Мексико, каде што живее, додавајќи дека не сакал да ѝ приреди непријатности на својата ќерка на свадбата со принцот Хари. Тој, наводно, имал и срцев удар пред една недела, но излегол од болница заради свадбата.

Ова доаѓа само неколку дена откако британските медиуми објавија дека тој му местел фотографии на еден папарацо, на коишто се гледа како избира одело за свадбата и бара приказни за Меган во весници.

Палатата Кенсингтон издаде соопштение, во коешто се вели дека „ова е длабоко личен момент за Меган Маркл“.

Таа и принцот Хари побараа разбирање и почит за неа во оваа тешка ситуација“, се вели во соопштението.

Томас Маркл оваа недела за првпат требаше да се запознае со Хари и со кралицата Елизабета Втора, пред да ја води својата ќерка кон олтарот во црквата во замокот Виндзор.