ТРЕБА ДА ПАТУВАМ СО БРОД И ДА ИСТРАЖУВАМ НОВИ МЕСТА, КАЖА ШЕНЕН ДОЕРТИ ВО ЕДНА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА НЕЈЗИНИОТ ПОДКАСТ

САД, (Си-Ен-Ен)

По сите работи за кои Шенен Доерти мораше да се бори низ годините, од нејзината репутација до нејзиното здравје,  во една од последните епизоди на нејзиниот подкаст, актерката покажа дека единствено ѝ е важна битката за нејзиниот живот.

Во епизодата на „Да ни биде јасно“ објавена на 23 јуни, ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“ им кажа на своите обожаватели дека ќе продолжи со хемотерапијата. Сепак, таа понуди малку позитивност со горчливата вистина, ракот кој ѝ беше во четвртиот стадуиум.

„За првпат по неколку месеци се надевам бидејќи сега има уште многу работа“, рече таа. „И порано се надевав, но сега сум во фазата : ‘Не треба да бидам подготвена, треба да одам на одмор. Треба повторно да одам на брод и да истражувам места.“

Таа ја затвори епизодата велејќи: „Можам да ви кажам дека не одам никаде во моментов“.

Доерти почина на 13 јули на 53-годишна возраст, а јавноста ја сметаше за глас и авторитет во борбата против ракот.

Таа првпат ја откри својата дијагноза за рак на дојка во 2015, и ги информираше фановите за нејзиното лекување, објавувајќи ја ремисијата во 2017 и враќањето на ракот во 2020.

Ранливите и искрени обелоденувања на Доерти беа контрадикторни за фигура која некогаш беше претставена од таблоидните медиуми како бунтовнна личност.

„Цел живот се чувствувам погрешно разбрана“, изјави Доерти за „Пипл“ во 2020. „Единствената разлика е во тоа што сега сум во ред со тоа“.

Таа дебитираше со подкастот во декември во 2023, приближно шест месеци откако објави дека ракот се проширил на нејзиниот мозок. Во некои епизоди, зборуваше за нејзината кариера и за незаборавните улоги. Во други епизоди се фокусираше на нејзиното лекување за време на информативни разговори со членовите на нејзиниот лекраски тим за нега.

„Немам многу луѓе со кои зборувам за ракот“, му рече таа на својот онколог, д-р Лоренс Пиро, во една епизода.

Фото: Гети