БИВИС И БАТХЕД СЕ ВРАЌААТ СО НОВИ ЕПИЗОДИ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ ПАУЗА

Лос Анџелес, (Њујорк тајмс)

Легендарното анимирано дуо од Ем-Ти-Ви Бивис и Батхед се враќа на телевизија со првите нови епизоди по девет години пауза.

ТВ-мрежата „Комеди сентрал“ објави дека нарачала две нови сезони на „Бивис и Батхед“, чиј автор повторно ќе биде Мајк Џаџ, кој освен што ќе биде сценарист и продуцент, ќе ги позајмува гласовите на главните ликови.

„Бивис и Батхед“ оригинално се емитуваше на Ем-Ти-Ви од 1993 до 1997 и во меѓувреме беше снимен и долгометражен анимиран филм, додека Џаџ го промовираше во еден од највлијателните сценаристи на комедии. Дополнително, во 2011 година беше снимена уште една сезона.

„Новата серија ќе ги внесе ликовите во целосно нов свет на З генерацијата. Се чини дека сега е вистинското време повторно да се биде глупав“, изјави Џаџ.