ЕЈЧ-БИ-О ГО ИСКЛУЧИ МИЛОШ БИКОВИЌ ОД СНИМАЊЕТО НА СЕРИЈАТА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ПО БАРАЊЕТО НА УКРАИНА

Лос Анџелес, (Вараети)

Ејч-Би-О го исклучи српскиот актер Милош Биковиќ од актерската екипа на третата сезона на популарната ТВ-серија „Белиот лотос“, откако украинското министерство за надворешни работи ја критикуваше ТВ-мрежата, бидејќи тој отворено ја поддржува руската инвазија на Украина.

Биковиќ доби руско државјанство во 2021, а Владимир Путин му го додели медалот „Пушкин“ за неговиот придонес кон руските култура и уметност. Во 2019 тој кажа дека му бил забранет влез во Украина од безбедносни причини.

„Решивме да се разделиме со Милош Биковиќ и за улогата повторно ќе има кастинг“, изјави портпаролот на Ејч-Би-О.

„Пораснав во земја разурната од војна. На 11-годишна возраст со денови и ноќи се криев во засолништа додека мојата татковина и мојот роден град беа бомбардирани. И никогаш не би можел никому да посакам таков пустош.
Започната е кампања против мене, навидум како надворешен маневар за влијание врз одлуките што можат да создадат вознемирувачки преседан кој ја засенува суштината на уметничката слобода. Резултатот од таквиот наратив е триумфот на апсурдот и поразот на уметноста.
Ми беше чест што бев избран да бидам дел од ‘Белиот лотус’, ТВ-серија која ја почитувам и со колеги кои длабоко ги почитувам. Сепак, моето учество не е возможно поради причини надвор од доменот на уметноста и нема да се поклонувам пред ниту еден наратив кој сака да го загрози мојот интегритет.
Без разлика на сѐ, јас силно верувам дека уметноста може да лекува. Верувам дека може да му помогне на човештвото да се обедини. Моите верувања и мојата посветеност на уметноста ќе останат непроменети“, изјави глумецот.

Биковиќ има играно во бројни руски продукции, вклучувајќи го и филмот кој се снимаше во вселената. Киев кажа дека тој снимал филмови и на анектираниот полуостров Крим.

Снимањето на третата сезона на „Белиот лотус“ ќе почне во февруари, ќе се случува во Тајланд, а премиерата ќе биде во 2025.

Фото: Гети