Ејч-Би-О официјално се извини откако во последната епизода на „Игра на тронови“ се појави препознатливата пластична шолја за кафе на „Старбакс“.
„Кафето што се појави во последната епизода беше грешка. Денерис нарача растителен чај“, соопшти ТВ-мрежата.
Највнимателните фанови ја забележале заборавената шолја во сцената што се случуваше во Големата хала на Винтерфел. И додека Ејч-Би-О ја обвини Денерис за гафот, фановите имаат друга теорија и сметаат дека повторно Санса ѝ мести.
„Се извинуваме, но Вестерос всушност беше првото место кое имаше ‘Старбакс‘“, се пошегува извршниот продуцент на серијата, Берни Колфилд и додаде во посериозен тон.
„Ваков гаф е редок за серијата, бидејќи реквизитерите и декоратерите се илјадапроцентно посветени во работата“.