Мет гала, годишен хуманитарен настан што се одржува во музејот Метрополитен во Њујорк, важи за едно од најголемите случувања во светот на модата. Познат е по скапите влезници и ексклузивната листа гости, но најмногу по екстравагантната облека што секоја година се базира на различна тема.

Фустанот на Леди Гага се креваше со помош на топол воздух… (Фото: АФП)

Оваа година темата е насловена „Camp: Notes on Fashion“, што се совпаѓа со претстојната изложба во Мет, инспирирана од есејот на американската писателка и политичка активистка Сузан Зонтаг од 1964 година, „Notes on Camp“.

…па под него се откри друг фустан… (Фото: АФП)

Како и изложбата, и модата на годинашната Мет гала е заснована на „иронија, хумор, пародија, имитација, театралност и претерување“. И како се прави тоа, најдобро покажа Леди Гага.

…па уште еден (Фото: Гети)

Американската пејачка и актерка пристигна во огромен розев фустан на дизајнерот Брендон Максвел и потоа почна постепено да се соблекува, за на крајот на црвениот тепих да остане само по долна облека и драматично високи потпетици.

Кејти Пери беше облечена како лустер (Фото: Гети)

Кланот Кардашијани (Фото: Ројтерс)

Џеред Лето (Фото: Гети)

Езра Милер (Фото: Ројтерс)

Лупита Нјонго (Фото: Ројтерс)