ЕКИПАТА НА „БУБАЛИЦИ“ КАЖА ЗБОГУМ, ПОСЛЕДНАТА ЕПИЗОДА ЌЕ СЕ ЕМИТУВА НА 16 МАЈ

Лос Анџелес, (АП)

Со прегратки, солзи и многу смеа, актерите од ТВ-серијата „Бубалици“ во вторникот ја снимија последната епизода, 279. по ред, која во два дела ќе се емитува на 16 мај на Си-Би-Ес.

„Оваа серија допре толку многу срца“, ѝ се обрати емотивната Кели Куоко на публиката во студиото на „Ворнер брос“.

Џони Галецки, кој 12 сезони го играше Леонард Хофстатер, ѝ се заблагодари на публиката за поддршката и кажа дека серијата била „остварување на соништата на сите нив“.

Актерите го прославија крајот на снимањето со свеченост пред Кинескиот театар во Лос Анџелес, каде во цемент оставија отпечатоци од нивните дланки.

По финалето на 16 мај, истата вечер ќе се емитува и „Откривајќи ја мистеријата: Збогум“ со Галецки и Куоко, кои ќе откријат како се снимала серијата.