ЕКИПАТА НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ ПОВТОРНО НА СЕТ ПО 11 ГОДИНИ

Њујорк, (Гардијан)

Екипата на „Сексот и градот“ е повторно на сет откако започна снимањето на новата серија со наслов „And Just Like That…“. Таа ќе има десет епизоди и ќе обедини три четвртини од оригиналната актерска постава.

Педесет и шестгодишната Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери Бредшо, сподели фотографија со Синтија Никсон (55) и Кристин Дејвис (56) во Њујорк.

„Повторно заедно. Ги читаме првите епизоди“, напиша Паркер.

Ким Катрал нема да се појави во новата серија, но потврдено е дека Крис Нот ќе ја репризира улогата на Мистер Биг.

„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година, а екипата за последен пат работеше заедно во 2010, кога излезе вториот дел од филмската верзија на серијата.