ЕЛИЗАБЕТ ДЕБИКИ ЌЕ БИДЕ ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕЗОНИ НА „КРУНА“

Њујорк, (АП)

Австралиската актерка Елизабет Дебики е избрана да ја глуми принцезата Дијана во последните две сезони од хит серијата „Круна“.

Дваесет и деветгодишната Дебики ќе се придружи на новата екипа на серијата, што ги вклучува и Имелда Стонтон како Елизабета Втора, Џонатан Прајс како принцот Филип и Лесли Менвил како принцезата Маргарет.

Ема Корин ќе биде Дијана во претстојната четврта сезона, а Дебики ќе ја преземе оваа улога за најдраматичните поглавја од нејзиниот живот. Петтата и шестата сезона се најавени како последни и засега не е познато кога ќе излезат.

Дебики ќе има една од главните улоги во новиот филм на Кристофер Нолан, „Тенет“.