ФИНАЛЕТО НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЌЕ ИМА ЧЕТИРИ 80-МИНУТНИ ЕПИЗОДИ, ПОТВРДИ ЕЈЧ-БИ-О

Њујорк, (Вараети)

Ејч-Би-О потврди дека последната сезона на „Игра на тронови“ ќе има невообичаено долги епизоди, при што четири од нив ќе траат околу 80 минути. И додека првите две епизоди ќе имаат стандардна должина за серијата, последните четири ќе бидат како пократки играни филмови.

ТВ-мрежата вчера и официјално ја објави должината на шесте епизоди од последната, осма сезона:

  • прва епизода: 54 минути
  • втора епизода: 58 минути
  • трета епизода: еден час и 22 минути
  • четврта епизода: еден час и 18 минути
  • петта епизода: еден час и 20 минути
  • шеста епизода: еден час и 20 минути.

Финалето на една од најгледаните и најуспешни серии на сите времиња стартува на 14 април.