Хенк Азарија изјави дека е подготвен да се повлече од улогата на Апу, популарниот лик од „Симпсонови“, на кој со години му го позајмуваше гласот.
Ова доаѓа по документарниот филм на индиско-американскиот комичар Хари Кондаболу, кој тврди дека ликот на Апу се темели на расни предрасуди.
„Вчудовиден сум од дебатата што се поведе. Никогаш не ми била намера некого да навредам. Идејата дека некој бил навредуван преку ликот на Апу ме прави тажен“, кажа Азарија.
Продавачот на кондури со индиско потекло е дел од серијата од 90-ите години и Азарија дури научи индиски акцент поради ликот. Сепак, американската јавност почна поинаку да гледа на Апу откако лани излезе документарецот „Проблемот со Апу“. Во него се вели дека ликот е проблематичен, бидејќи е определен од неговата работа и од тоа колку деца има од договорени бракови.
„Апу е еден од првите претставници на југоисточните Азијци на американската телевизија и кога раснев, други деца го имитираа ликот за да ми се потсмеваат“, вели Кондаболу.