ДА ГИ НАДМИНЕМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА 8 МАРТ, ВЕЛАТ УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со пароли за надминување на стереотипите, учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ го одбележаа меѓународниот празник на жената, 8 Март.

Под мотото „Сподели радост за родова еднаквост“, тие апелираа до соучениците и до младите дека општеството се менува, вклучувајќи ја практиката на прославување на овој празник.

„Сакаме да испратиме пораки за промена на односите во општеството и во семејството. Ова е наш повик за надминување на наметнатите модели за ‘машкиот’ и ‘женскиот’ свет. Заеднички одлучуваме и креираме иднина со еднаков пристап и прифаќање на родовите и општествените улоги. Сите можеме да помогнеме, треба само да сакаме да го (на)правиме тоа“, се дел од пораките на учениците.