ХИТ СЕРИЈАТА „БРИЏЕРТОН“ ПРОДОЛЖУВА БЕЗ ГЛАВНАТА ЅВЕЗДА РЕГЕ-ЖАН ПЕЈЏ

Њујорк, (Вараети)

„Бриџертон“, последната голема хит серија на „Нетфликс“, продолжува без еден од главните ликови, војводата од Хејстингс, Сајмон Басет. Стриминг гигантот објави дека ликот на Реге-Жан Пејџ нема да биде дел од втората сезона.

„Му кажуваме збогум на Реге-Жан Пејџ, кој така триумфално го одигра војводата од Хејстингс. Ќе ни недостига неговото присуство, но тој секогаш ќе биде дел од семејството Бриџертон“, соопшти „Нетфликс“.

Ова не би требало да биде изненадување за оние фанови кои се запознати со романите на Џулија Квин, врз кои е заснована серијата, бидејќи ликот на Пејџ е врзан исклучиво за првата книга „Војводата и јас“.

Во првиот месец од објавувањето, серијата била гледана во рекордни 82 милиони домаќинства.